Скопје

Се чекаат резултатите од вонредната инспекција во „Ѓорѓија Пулевски“

28.09.2024 11:57

Кујната во училиштето е затворена...

Државниот здравствен и санитарен инспекторат ги чека резултатите од вонредната инспекција за да се потврди дали станува збор за епидемиско труење со храна откако 140 деца од прво до трето одделение од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром со стомачни болки, повраќање и дијареја се на домашно лекување. Кујната во училиштето е затворена.

Анализите на надлежните институции се очекува да послужат како основа за понатамошни мерки и активности.