Муцунски: Мора да останеме посветени на реформите
Тоа е наш клучен приоритет, но бараме воспоставување на систем преку којшто ќе има предвидливост на нашиот пат кон полноправно членство, изјави министерот Муцунски во интервју за МИА...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски по информациите дека Северна Македонија и Албанија се раздвојуваат на патот кон ЕУ, вели дека ние мора да останеме посветени на реформите, а оти од надворешно-политичка гледна точка ќе ја продолжиме комуникацијата и со нашите стратешки партнери и со земјите членки на ЕУ – да ги убедиме дека ние сакаме што побргу да се отворат пристапните преговори. Тоа е наш клучен приоритет, но бараме воспоставување на систем преку којшто ќе има предвидливост на нашиот пат кон полноправно членство, изјави министерот Муцунски во интервју за МИА.
Најави и дека се прави план за распределба на дипломати внатре од МНР кои треба да бидат упатени во следниот период во дипломатско-конзуларните претставништва.
