Традицијата во Прилеп за домашен ајвар останува, но се намалува
Се прави зимница, ама помалку. Традициите во Прилеп, особено за домашен ајвар остануваат, ама новите времиња, а не цените на пиперките, пресудуваат да се преполови приготвувањето…

Прилепчанецот Петар Костадиноски ја одржува традиција на приготвување зимница. Особено ајвар. Како дома приготвениот ајвар нема никаде, вели со задоволство. За дома е исплатливо, а не и за продавање. Сака да ги израдува и внуците.
Костадиноски признава дека помалку се прави зимница од порано. Процесот е преполовен. Младите не се тука да пробаат, повеќето немаат време. Не е толку во цената, колку во новите времиња. Иако традицијата опстојува.
И производителите забележале пад во побарувачката.
Приготвувањето зимница, особено домашен ајвар останува потврда на честа и на традициите. И, не случајно се вели – за вкусовите не се дискутира.
Елизабета Митреска
