Временска прогноза

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

29.09.2024 08:20

Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен, a долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер (наместа над 70 км/ч.)...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен, a долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер (наместа над 70 км/ч.)

Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18, а максималната од 20 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец.