Блиски Исток

Ситуацијата на Блискиот Исток се вжештува, израелските војници во Либан нападнале позиции на Хезболах

29.09.2024 09:10

Израелските војници влегле во Либан и ги нападнале позициите на Хезболах, потврдија американски официјални лица.Според нив, цели на малите операции на израелските одбранбени сили се позициите милитантната група долж границата со Израел....

По убиството на водачот на Хезболах, ситуација на Блискиот Исток се вжештува. Израелските војници влегле во Либан и ги нападнале позициите на Хезболах, потврдија американски официјални лица. Според нив, цели на малите операции на израелските одбранбени сили се позициите милитантната група долж границата со Израел.

Според американскиот претседател Бајден, смртта на лидерот на Хезболах е мерка на правдата, Москва пак го осуди убиството на Насрала. Во Иран прогласена петдневна жалост.

Братучедот на убиениот лидер на Хезболах Хашем Сафиедин е можниот наследник на Насрала.