невреме
Невреме во регионот, погодени Словенија, Хрватска, Србија и делови од БиХ
29.09.2024 09:42
Во Словенија се излеа реката Соча, поради што пожарникарите мораа да реагираат. Силен дожд и во Загреб. Поплавени улиците и во Бања Лука...

Невреме придружено со дожд ги погоди Словенија, Хрватска, Србија и делови од Босна. Во Словенија се излеа реката Соча, поради што пожарникарите мораа да реагираат. Силен дожд и во Загреб.
Поплавени улиците и во Бања Лука. Противпожарните служби евакуирале 30 лица, откако одрон го блокирал патот во градот лепена во Словенија.
Дунав се излеа во Бачка Паланка, во природниот парк „Тиквара“, додека на северот на Србија е забележан значителен пад на температурата.
