мвр

Приведено лице барано со потерница

29.09.2024 10:24

Лицето е спроведено во Казнено поправната установа Затвор Битола...

Вчера во 17.30 часот на плоштад „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Е.(30) од Прилеп, кој бил баран со потерница по издадена судска наредба од Основен суд Прилеп. Н.Е. бил баран за издржување на казна затвор во траење од една година.

Лицето е спроведено во Казнено поправната установа Затвор Битола, информираат од МВР.