АВСТРИЈА

Парламентарни избори во Австрија

29.09.2024 17:23

Според анкетите, Австриската крајнодесничарска Партија на слободата, би можела за првпат да победи на парламентарните избори и да постигне историски успех пред владејачките конзервативци...

Парламентарни избори во Австрија. 6,3 милиони граѓани решаваат за иднината на земјата. Според анкетите, Австриската крајнодесничарска Партија на слободата, би можела за првпат да победи на парламентарните избори и да постигне историски успех пред владејачките конзервативци.

Лидерот на екстремно десничарската опозициска Партија на слободата, Херберт Кикл најавува победа. Во неговата кампања беше фокусирана на антиимигрантската политика. Конзервативната Австриска народна партија на канцеларот Карл Нехамер го претстави Кикл како екстремист.