Партии

Партиски реакции за одлуката на Брисел

29.09.2024 13:34

Раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тие се најдиректно одговорни за тоа што веќе немаме европска перспектива, велат од СДСМ. Возвратија од ВМРО-ДПМНЕ-СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија, државата 7 години ја потонаа во криминал...

Раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тие се најдиректно одговорни за тоа што веќе немаме европска перспектива, велат од СДСМ. СДСМ ги реши отворените спорови, обезбеди членство во НАТО и ја донесе Македонија пред прагот на Европската унија, велат од „Бихаќка“.

Возвратија од ВМРО-ДПМНЕ-СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија, државата 7 години ја потонаа во криминал. Според владејачката партија, СДС свесно работат Македонија да биде заглавена, почнувајќи од договорите потпишани од Заев, завршувајќи со криминалот и корупцијата кои царуваа 7 години. Радоста на СДС нема да трае, Македонија оди напред, со ВМРО-ДПМНЕ следува економска трансформација, владеење на правото и просперитет, стои во дописот.