мвр
Претрес во Тетово, пронајдена дрога
29.09.2024 12:53
По претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории во Тетово, каде била пронајдена марихуана и дробилка со остатоци од марихуана...

Вчера полициски службеници од СВР Тетово во 14 часот го лишиле од слобода М.М.(23) од Тетово. По претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом и помошни простории во Тетово, каде била пронајдена марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок, информира МВР.
