Култура

Од утре стартуваат конкурсите за поддршка на проекти од национален интерес во културата

29.09.2024 13:00

Годишните конкурсите за поддршка на проекти од национален интерес во културата за идната 2025 година ќе бидат објавени утре, 30-ти септември кога ќе биде отворен и системот за електронско пријавување. Ќе траат до 31-ви октомври, изјави министерот Љутков. Пријавувањето ќе се спроведува преку порталот е-услуги а помош за пријавувањето корисниците ќе може да добијат од одделенијата при Министерството. Преку овие реформски и исклучително значајни конкурси ќе почне исцртувањето на контурите на културната политика и ќе бидат промовирани врвни изведувачи и таленти, додаде Љутков...

Стартуваат годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за идната 2025 година, изјави министерот Љутков. Од 30-ти септември преку овие реформски и исклучително значајни конкурси иако во отсуство на Национална стратегија, сепак ќе почне исцртувањето на контурите на културната политика и ќе бидат промовирани врвни изведувачи и таленти, додаде Љутков. За првпат е донесено упатство за утврдување на проектите, како и за именување на членовите на комисиите кои ќе ги оценуваат.

Министерот посочи дека во Буџетот за проектите се одредени средства до највисоката граница за да не се дозволи како до сега да се доделуваат средства, како што рече, како од ракав.

Одговорајќи на новинарско прашање ресорниот министер рече дека Универзална сала ќе биде завршена до рокот, но согласно законите бидејќи во моментов не се знае во чие владение е. Префрлањето на ингеренциите од Град Скопје на Министерството за култура е направено на незаконски начин, а во моментов процедурата за обнова е запрена, за сето ова најави дека ќе има и кривична одговорност.

 

Фиљана Кока