Не може секоја настинка да е ковид, вели доктор Цана
Расте бројот на заболени од ковид. Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, од 16-ти до 22-ри септември регистрирани се 64 нови позитивни случаи...

Не може секоја настинка да е ковид, полните ординации на матичните не треба да се користат како вест за ширење паника кај населението дека има двојно или тројно зголемување на пациенти со коронавирус, дециден е инфектологот Фадил Цана. Вели, во периодот што следи ќе има и бактериско-вирусни инфекции, и грип, и ковид. Траумите од пандемијата треба да ги надминат и граѓаните и дел од лекарите.
Матичните лекари велат некои пациенти се тестираат некои не. Оние што се докажани дека имаат Ковид-19 имаат проблеми со горнореспираторниот систем, некои и со дигестивниот.
Докторката Атанасова освен што им советува да останат дома и да одморат, им советува и да земаат витамин Д, витамин Ц и цинк, пробиотици и електролити.
Наташа Јанчиќ- Менковски
