Оризопроизводство

Стартува жетвата на оризот, годинава родот ќе тежи околу 20 илјади тони арпа

29.09.2024 16:20

Жетвата на оризот почна, почнуваат и проблемите на производителите. Сè уште не се знае по која цена ќе се откупува овогодишниот род. Од минатата година неоткупени стојат околу 4.000 тони. Министерот за земјоделство најавува добра иднина на оваа култура …

Со ритуално зажнејување стартува жетвата на оризот во кочанско. Годинава родот ќе се собира од околу 4.000 хектари, се очекува принос од околу 20 илјади тони арпа. За земјоделците жетвата треба да е празник, но велат проблемите за нив допрва почнуваат. Производна цена за оризот не е утврдена, откупувачите го ценат на 26 до 30 денари

Доколку не се надминат проблемите, земјоделците најавуваат штрајк. Министерот за земјоделство пак најавува подобри времиња за оризот, откако се вброи во редот на стратешките култури, од идната година ќе се откупува за стоковите резерви

Министерот од јануари најави и активности за обнова на наводнителниот систем, како навреме би стартувала новата производна сезона на оризот.

 

Славица Величковска