Прва генерација судии и обвинители според ЕУстандардите
Ги исполнија најстрогите критериуми и влегоа во академијата. Тринаесетмина се од првата генерација судии и јавни обвинители кои според новиот закон ќе се регрутираат за македонските судови и обвинителства. Дадоа свечена изјава пред највисоките претставници на судската и на извршната власт.
Ќе бидат обучени за непристрасно и независно да ја вршат функцијата и да обезбедат владеење на правото и почитување на човековите права и слободи еднакво како нивните европски колеги.

Од оваа генерација премиерот Груевски очекува идни судии и јавни обвинители отпорни на притисоци и влијанија.Со интегритет и самодоверба во судницата којашто како што рече е местото каде правичноста ја победува силата, но и надвор од неа, оцени премиерот.
Евроамбасадорот Аиво Орав порача дека Европа е постојано зад заложбите на земјава на полето на владењето на правото. Досега академијата ја завршија 80 кандидати. 71 од нив се избрани во судовите и јавните обвинителства. Наскоро ќе бидат избрани и деветмина штопретходно не беа опфатени.
Фиљана Кока