кина
Пекинг и Москва одржаа воени вежби во Тихи Океан
29.09.2024 19:11
Во соопштението, кинеската крајбрежна стража наведува дека вежбите вклучуваат инспекции на рибарски бродови кои работат во регионот во северниот дел на Тихиот Океан...

Кинеската и руската крајбрежна стража неодамна одржаа заеднички вежби и патроли во Северниот Тихи Океан. Во соопштението, кинеската крајбрежна стража наведува дека вежбите вклучуваат инспекции на рибарски бродови кои работат во регионот во северниот дел на Тихиот Океан. Во текот на мисијата, флотата, исто така, спроведуваше заеднички операции за пребарување и спасување.
Формацијата тргна на 21-ви септември од Русија, по завршувањето на четиридневната заедничка вежба во Заливот Петар Велики во регионот Приморски од 16-ти до 20-ти септември.
