Коалицијата „Вреди“ уверува дека посветено работат на исполнување на ветувањата пред изборите
Коалицијата „Вреди“ уверува дека посветено работат на исполнување на ветувањата пред изборите. И забележуваат на опозицијата дека неаргументирано критикуваат и поведуваат деструктивни иницијативи. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски пак очекува во следниот период партијата на Али Ахмети да биде дел од владата. Вели коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е поставена на многу добри односи и нема да е изненадување …

Дестабилизацијата, балансерот, реформата на Судскиот совет, ребалансот на Буџетот во фокусот на партнерите ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ во првите 3 месеци владеење. Најавени длабоки реформи и враќање на довербата на граѓаните во институциите, но и бескомпромисна борба против корупцијата. Коалицијата „Вреди“ уверува дека посветено работат на исполнување на ветувањата пред изборите. И забележуваат на опозицијата дека неаргументирано критикуваат и поведуваат деструктивни иницијативи. Од „Вреди“ со став дека судството е сè уште под контрола на опозицијата и дека Уставниот суд е инструмент на дневната политика на опозицијата-вели вицепремиерот и лидер на Европското движење, Меџити.
„Во овие 100 дена се работи на спорните предмети со кои ќе се бави судството и обвинителството, оставаме они да го кажат последниот збор. Не сме за реваншизам, ниту за монотеистички и популистички политики. Туку тие кои се огрешиле пред законот да одговараат. Овие обиди за дестабилизација и дефокус се само обид не во интерес на граѓаните туку обид да се спасат од одговорноста“, изјави Меџити.
Од СДСМ пак велат дека коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ добро функционира. Координаторот на пратеничката група во Собранието во интервју за Радио Слободна Европа рече дека очекува наскоро тоа и да се официјализира. Ваквиот став го темели на носењето на неколкуте закони со двотретинско мнозинство, предложени од ВМРО-ДПМНЕ, а кое го обезбедија интегративците.
Законот за бранителите ги разбранува емоциите во владината коалиција. По најавите на еден од пратениците на „Вреди“ за напуштање на Владата, редовите на коалицијата повторно збиени.
Марина Стојанова - Тонева
