анализа

Состојбата на Блискиот Исток на работ на ескалација

29.09.2024 17:05

По израелските напади во Либан и смртта на лидерот на Хезболах и други командати, состојбата на Блискиот Исток на работ на ескалација. Постои ли опасност од проширување на конфликтот? Се очекува ли дипломатијата да има клучната улога во запирање на непријателствата?

Активностите на Израел може да предизвикаат каскадни реакции во регионот на Блискиот Исток, вели за Македонската телевизија професорот на Воената академија, Методиј Хаџи-Јанев. Израелските сили, вели тој, добро го имаат испланирано сценариото за неутрализирање на исламистичките движења против Израел, а во најголема мера е фокусирано на опасноста од Иран.

Иран никогаш не криел дека стои зад Хезболах, но оперативно, предвидувањата се во корист на Израел и сојузниците, бидејќи официјален Техеран нема капацитет да му пркоси на Тел Авив, вели Хаџи-Јанев. Додава дека нуклеарниот капацитет и спремноста на Израел да го употреби во борбата за опстанок, најверојатно го одвраќа Иран од влегување во конфликт.

На Западот му е јасно дека дипломатските мерки може да вродат плод, но политиката на долгите патеки, останува пракса користена од Израел, кој според Хаџи-Јанев очигледно со примена на сила решил да го решава овој проблем.

 

Марија Котовска