мвр
Приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната
29.09.2024 12:20
Лицето е спроведено во казнено поправната установа...

Вчера во 13 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници го привеле Џ.С.(44) од Тетово, кој бил баран врз основа на издадена наредба од Основниот суд во Тетово и распишана потерница од Казнено поправната установа „Затвор Идризово“-Скопје, за доиздржување на казна затвор во траење од една година и девет месеци.
Лицето е спроведено во казнено поправната установа, информира МВР.
