Зголемен бројот на патници на двата македонски аеродроми
Статистиката вели дека од јануари до август 2024 година имало вкупно 2.128.981 патник на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле Охрид...

Што се случува на македонските аеродроми? Каква е состојбата со бројот на летови и дали авиосообраќајот се враќа во нормала после пандемијата? Статистиката вели дека од јануари до август 2024 година имало вкупно 2.128.981 патник на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. Во проценти, оваа бројка е за 4% зголемување во однос на истиот период во 2023 година. Во однос на 2019 година, која се смета за референтна година во Авијацијата, бројките на авиосообраќај покажуваат 20% повеќе патници.
Во однос на бројот на летови, имало 17.196 летови во текот на осумте месеци од 2024 година, за 12% повеќе летови во споредба со 2023 година, односно 17% повеќе во споредба со 2019 година.
