УКРАИНА

Продолжуваат нападите на Запорожје, најмалку 16 лица ранети

30.09.2024 08:15

Од друга страна, руското Министерство за одбрана тврди дека руските сили презеле контрола врз населба во областа Луганск.

Најмалку 16 лица се ранети во најновите руски напад на Запорожје. Оштетени се згради и железничката инфраструктура, соопштија украинските власти.

Од друга страна, руското Министерство за одбрана тврди дека руските сили презеле контрола врз населба во областа Луганск.

Една жена загина, а две лица се повредени откако руските војници во два наврати го гранатираа Никопол, изјави шефот на регионалната воена управа на Днепропетровск.

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека никој не знае што навистина има на ум рускиот колега Путин во однос на нуклеарното оружје.

Од друга страна, Кремљ најави дека е неопходно приспособување на политиката во областа на нуклеарното одвраќање, поради ескалацијата на тензиите околу границата на Руската Федерација.