Македонија

ДЗР и Црвениот крст денеска ќе потпишат Меморандум за соработка

30.09.2024 08:39

Активностите се дефинирани во Меморандум за соработка што ќе биде потпишан денеска од Главниот државен ревизор, Максим Ацевски и Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Црвениот крст ќе реализираат заеднички активности насочени кон поддршка на ранливите категории на население и промоција на хуманитарните принципи.

Активностите се дефинирани во Меморандум за соработка што ќе биде потпишан денеска од Главниот државен ревизор, Максим Ацевски и Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити.

Двете институции ќе работат заедно во областа на крводарителството, првата помош и психосоцијалната поддршка, како и во организација на јавни настани кои ќе придонесат за доброто на заедницата.