САД

Се санираат штетите од ураганот „Хелена“ во САД

30.09.2024 08:44

Бурата оштетила водоснабдувачки системи и важни транспортни патишта низ целиот регион. Милиони луѓе останаа без струја...

На југоистокот на САД почнаа големи активности за санирање на штетите од предизвикани од ураганот „Хелена“. Бурата оштетила водоснабдувачки системи и важни транспортни патишта низ целиот регион. Милиони луѓе останаа без струја.

„Тоа трагично. Всушност, ние се обидуваме да го добиеме точниот број. Мојот советник за Федералната агенција за управување со вонредни ситуации е на терен во Флорида во моментов. Има разлика помеѓу броевите што ги користеше агенцијата и оние што се прикажуваат од страна на локалните жители“, изјави Џо Бајден, претседател на САД.

Според податоците на властите од Јужна Каролина, Флорида, Џорџија, Северна Каролина и Вирџинија, смртниот биланс од ураганот досега изнесува најмалку 69 лица загинаа во невремето.

Се стравува дека бројката може да биде поголема.