Светски ден на срцето

Светскиот ден на срцето ќе се одбележи со потпишување на национална петиција за подобро кардиоваскуларно здравје

30.09.2024 08:51

Активноста е во знак на поддршка на Светската федерација на срце, со цел зголемување на свеста за потребата од превенција на кардиоваскуларните заболувања...

Македонското здружение по кардиологија и Клиниката за кардиологија во Скопје денеска ќе го одбележат Светскиот ден на срцето со активност за потпишување на национална петиција за подобро кардиоваскуларно здравје, од страна на пациентите, професионалната заедница и јавноста.

Активноста е во знак на поддршка на Светската федерација на срце, со цел зголемување на свеста за потребата од превенција на кардиоваскуларните заболувања. Според најновите статистики, во Македонија секој ден просечно 25 лица ја губат битката со срцевите болести.

Раната дијагностика и соодветната терапија можат да спасат животи. Затоа, се препорачува редовно да се вршат медицински прегледи, апелираат лекарите.