ФРАНЦИЈА

Почнува судењето на Ле Пен поради проневера на средства од ЕУ

30.09.2024 10:47

Француската политичарка Марин Ле Пен и уште 27 лица на обвинителна клупа поради обвиненија за проневера на околу седум милиони евра, пари од ЕУ...

Француската политичарка Марин Ле Пен и уште 27 лица на обвинителна клупа поради обвиненија за проневера на околу седум милиони евра, пари од ЕУ.

Наводно, партијата на Ле Пен, Национален фронт, добила средства од Европскиот парламент за асистенти кои всушност работеле за партијата.

Ле Пен отсекогаш ги негираше обвинувањата, но аферата со години влијае на нејзината партија која дури и го промени името. Доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите се соочуваат со високи парични и затворски казни до десет години.