Фудбал
Саудискиот Ал-Наср му понуди нов договор на Роналдо
30.09.2024 10:51
Актуелниот договор на 39-годишниот португалски фудбалер истекува во јуни следната година. Роналдо е еден од најплатените спортисти во моментов...

Саудискиот Ал-Наср започнал преговори за продолжување на договорот на португалската ѕвезда Кристијано Роналдо.
Актуелниот договор на 39-годишниот португалски фудбалер истекува во јуни следната година. Роналдо е еден од најплатените спортисти во моментов.
Роналдо би сакал да игра на Светското првенство во 2026 година, па затоа и Ал-Наср ќе му понуди нов двегодишен договор. Ако тоа се случи, тој ќе постави историски рекорд, станувајќи првиот фудбалер со учество на шест различни мундијали.
Тимот на Ал-Наср моментно е на третото место во шампионатот на Саудиска Арабија со 11 бода по пет одиграни кола.
