Велосипедизам

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар стана светски шампион

30.09.2024 10:58

Погачар оваа сезона собра вкупно 589 поени, што ја прави најдобра во историјата на велосипедизмот.

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар стана светски шампион, откако ја обезбеди титулата на шампионатот што се одржа во Цирих, Швајцарија.

Тој ја комплетираше „тројната круна“, бидејќи покрај оваа титула претходно беше победник на Тур Д’Франс и на Џиро Д’Италија.

Погачар оваа сезона собра вкупно 589 поени, што ја прави најдобра во историјата на велосипедизмот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Фото:/ UCI