Ин мемориам

Почина познатиот пејач и актер Крис Кристоферсон

30.09.2024 11:11

Портпаролот на семејството во неделата изјави дека Кристоферсон починал во својот дом во Мауи, Хаваи, опкружен со семејството, но не ја наведе причината за смртта. Кристоферсон беше ренесансен човек – спортист со поетски сензибилитет, поранешен воен офицер и пилот на хеликоптер...

Крис Кристоферсон, влијателниот американски пејач, актер и текстописец со низа хитови како што се Me and Bobby McGee и Help Me Make It Through the Night, почина во саботата на 88-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Портпаролот на семејството во неделата изјави дека Кристоферсон починал во својот дом во Мауи, Хаваи, опкружен со семејството, но не ја наведе причината за смртта. Кристоферсон беше ренесансен човек – спортист со поетски сензибилитет, поранешен воен офицер и пилот на хеликоптер.

Тој се проби во светот на музиката како текстописец во главниот град на кантри музиката Нешвил – напиша хитови како наградените со Греми Help Me Make It Through the Night, For the Good Times и Me and Booby McGee, еден од последните хитови на Џенис Џоплин.

Во раните 1970-ти, кога веќе се етаблирал како пејач, започнал и актерска кариера. Една од неговите најпознати улоги е во филмот A Star Is Born, заедно со Барбра Стрејсенд, кој беше еден од најпопуларните филмови во 1976 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

Фото:/ ФБ Kris Kristofferson