Четврти ден без вода за пиење во Струмица
Четврти дена Струмица е без вода за пиење. Агенцијата за храна и ветеринарство констатираше зголемено присуство на манган и колоформни бактерии во водата од водоснабдувачкиот систем. Граѓаните со вода се снабдуваат од маркетите и изворски чешми и бараат институциите да го решат проблемот...

Граѓани во ред чекаат на изворските чешми во Струмица за да наполнат вода за пиење откако ЈП Комуналец во петокот соопшти дека водата не е исправна за консумирање. Велат дека тешко е без вода за пиење во домовите и полнат по десетици литри вода.
Речиси тројно е зголемена потрошувачката на вода за пиење во струмичките маркети. Иако има зголемена побарувачка цената засега останува иста.
Во петокот ЈП Комуналец соопшти дека филтер станицата во Струмица неможе во целост да ја преработи сировата вода која доаѓа од брана Турија чии водостој бил намален.
И АХВ потврди дека водата во струмичкиот водоснабдувачки систем не е исправна за пиење. Има зголемено присуство на манган и колиформни бактерии и побараа ЈП Комуналец да им обезбеди питка вода за пиење на граѓаните.
Ване Трајков
