Случај „тенк“

Застаре затворската казна на Груевски за случајот „Тенк“

30.09.2024 11:29

Груевски беше осуден на 4 октомври 2018 година, а за неколку дена изминуваат шест години, односно, двапати онолку време колку што предвидува законот за застареност на извршувањето на казната...

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски нема да ја одлежи двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, за набавката на луксузниот мерцедес. Како што пренесе „Призма“, нему му застарува казната која беше определена.

Груевски беше осуден на 4 октомври 2018 година, а за неколку дена изминуваат точно шест години, односно, двапати онолку време колку што предвидува законот за застареност на извршувањето на казната. Набавеното возило сè уште се користи, и покрај најавите од претходната влада дека ќе биде продадено.

На Груевски му застареа и делата во предметите „ТНТ“ и „Траекторија“, останува обвинет во „Титаник“ и „Талир“, треба да одлежи за насилството пред Општина Центар и за случајот „Плацови на Водно“.