Истражување

ЦГК: Во јавните набавките често има корупција, најмногу поради политички интереси

30.09.2024 11:31

Четириесет и еден процент од лицата задолжени за јавни набавки по државните институции, сметаат дека во процесот честопати има корупција...

Четириесет и еден процент од лицата задолжени за јавни набавки по државните институции, сметаат дека во процесот честопати има корупција. Причините се лоцираат во политичките интереси.

Поголем генератор на корупција се фирмите отколку луѓето во институциите, покажува истражувањето спроведено Центарот за граѓански комуникации.

Над половина од фирмите – учеснички во набавките сметаат дека има корупција, а 23 проценти од нив и лично се соочиле.

Центарот предупреди дека изминатава година, јавните набавки достигнале рекордно висока вредност, но, во исто време, имало и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години. Договорите тежеле 1,5 милијарда евра.