Пеинтер: Македонија целосно ги исполни критериумите за членство во НАТО

15.07.2014 19:18

Поранешниот советник во адмистрацијата на Буш и на Клинтон, смета дека е фер Алијансата да ги преземе обврските и ветувањата, бидејќи со нивното неисполнување, може да има последици по европската безбедност...

Република Македонија е кредибилен партнер на НАТО и целосно ги исполни критериумите за членство, вели Сали Пеинтер, член на Бордот на американскиот комитет за НАТО. Поранешниот советник во адмистрацијата на Буш и на Клинтон, смета дека е фер Алијансата да ги преземе обврските и ветувањата, бидејќи со нивното неисполнување, може да има последици по европската безбедност.

„Би предложила Македонија, која го исполни акцискиот план за членство, и стои заедно до НАТО алијанста во Ирак и Авганистан да стане членка на НАТО. Идејата Алијанса на вредности и посветеноста на цела и слободна Европа да биде попречувана со проблемот за името, е срамна во време на глобални кризи и конфликти што ни се случуваат. Треба водачите да водат и да го сменат тоа“, рече Сали Пеинтерчелн на Бордот на американскиот комитет за НАТО.

Доказ за евроатлантските аспирации е и 12-годишното учество во мисиите предводени од НАТО во Ирак и во Авганистан. Охрабрени сме да продолжиме по патот на реформите,вели министерот за одбрана Јолевски.Македонија инсистира на интензивирање на разговорите во Обединетите Нации за конечно затворање на прашањето околу името.

„Република Македонија останува посветена на процесот на преговори под покровителство на Обединетите нации, ние целосно сме определени да продолжиме со тој процес, бараме да се интензивира со цел да се пронајде заемно прифатливо решение кое ќе го заштити идентиетот и дигнитетот на нашите граѓани,“ рече министерот за одбрана, Зоран Јолевски.

Во однос на очекувањата од самитот во Кардиф, и дали македонија може да очекува прием, Пеинтер вели дека секое проширување на Алијансата е предизвик и дека секогаш имало земји што се спротивставувале,но не треба да има откажување.

Милчо Велески