Стартуваа уставните измени
Со оваа осма по ред корекција на највисокиот правен акт се интервенира во деловите што се однесуваат на судството, финансиите и семејните права...

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ гласаа за потребата од уставните измени. Со оваа осма по ред корекција на највисокиот правен акт се интервенира во деловите што се однесуваат на судството , финансиите и семејните права. Потребата од измените образложена од министерот за правда.
„Се утврдиле некои недостатоци кои во минатите години не биле, или не се забележале ниту во извештаите на меѓународните организации, и за отстранување или елиминација на истите неодстатоци се пристапува кон измена на Уставот на Република Македонија,“ рече Аднан Јашари, министер за правда.
Од ДПА нема поддршка за уставните корекции. Употртебата на албанскиот јазик и знамето, како и распределбата на буџетот според Имер Алиу се прашањата за кои, како што рече, очекувале решенија. Уставот нема етнички предзнак, реагираше интегративецот Алити. Вашерто барање за уставна корекција за употребата на албанскиот јазик е депласирано таква уставна можност рече веќе има . И во дискусијата на пратеникот Димовски посочено дека, е тешко е да се поверува, дека некој може да биде против воведувањето на повисоките стандарди.
„Кои од овие измени кои се предлагаат денеска, се изворни на ДУИ, кои од овие се барања на албанците“, рече Имер Алиу од ДПА.
„Уставни измени коишто се во однос на сите граѓани на Република Македонија не се иземни што ги тангираат или засегнуваат само припадниците на една етничка заедница, и затоа ние имаме договор со партнерите од колицијата“, рече Рафиз Алити од ДУИ.
„Овие прашања се прашања са коишто очигледно има широка согласност во смисла на нивната содржина“, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициските пратеници присутна и Роза Топузовска Каревска, таа засега останува воздржана по однос на потребата од уставните измени. Ставот вели дополнително ќе го соопшти.
Утре потребата од осмите по ред измени на клучниот законски акт ќе се најде и на пленарната седница. Обезбедено двотретинско мнозинство ќе значи и зелено светло за процедурата.
Виолета Димовска
