Меџити за првите 100 дена Влада: Се соочуваме со деструктивна опозиција
Коалицијата „Вреди“ даде отчет за сработеното, истакнувајќи ги реформите за враќање на изгубената доверба на граѓаните во институциите и борбата против корупцијата. Премиерот, Христијан Мицкоски утре ќе даде отчет за сработеното во првите 100 дена од мандатот…

Евроинтеграцискиот процес и условот што земјава треба да го исполни за негово продолжување, беше, и ќе остане еден од клучните приоритети на Владата, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина. Изет Меџити, директно посочува дека власта се соочува со деструктивна опозиција. Додека ние сме посветени на реализацијата на програмата, опозицијата отвори теми кои за осум години не успеа да ги реши. Дури и сега злоупотребуваат судска власт за дневна политика – вели Меџити.
ДУИ по 100 дена од новата влада, критикува дека „Вреди“ секојдневно не оддалечува од интеграцијата во Европската унија и ја приближува државата до стратешко партнерство и финансиска зависност од Кина и Русија. Од друга страна, пак, од СДСМ велат дека интегративците им помагаат на ВМРО-ДПМНЕ и дека се во тајна коалиција, по поддршката за двотретинско мнозинство во Собранието за одредени законски решенија.
Спасовски прогнозира дека наскоро партијата на Али Ахмети ќе биде дел од Владата. Од ВМРО-ДПМНЕ ваквите тврдења ги отфрлија.
Премиерот Мицкоски ќе ги соопшти согледувањата и постигнувањата на Владата во првите 100 дена владеење.
Миле Ристески
