Уставните промени главен услов за отворање на поглавјата
Во првата посета на член на Европската комисија на земјава по одлуката на Брисел за раздвојување од Албанија, еврокомесарката за иновации, образование, култура и млади Илијана Иванова повтори кандидатките да го искористат моментумот за проширување...

Една недела по одлуката на ЕУ за одвојување на Албанија и Северна Македонија на евроинтегративниот пат остануваат исти услови за земјава, уставни промени пред отворање поглавја.
Во првата посета на член на Европската комисија на земјава по одлуката на Брисел за раздвојување од Албанија, еврокомесарката за иновации, образование, култура и млади Илијана Иванова повтори кандидатките да го искористат моментумот за проширување.
Претставници на Европската Комисија и 6-те земји од регионот на министерски состанок за агендата на ЕУ за Западен Балкан разгледуваат до каде е приближувањето за образование и обуки, истражување и иновации и култура.
Програмата Еразмус за образование во ЕУ и Скопје европски град за 2028-та година се едни од успешните проекти за приближување кон Унијата.
Ирина Гелевска
