Земјоделство
Растат берзанските цени на житото
16.07.2014 10:03
Се раздвижуваат светските берзи на житните култури. Се зголемува тргувањето, но и цените на пченицата и на пченката.

Во периодот на екот на жетвата, на берзата во Нови Сад пченицата е во центарот на тргувањето.
Минатата недела вкупниот промет изнесувал скоро 1.700 тони житарици, што е за 3,7 пати повеќе од претходната недела.
Цената на пченицата од новата реколта се движи од 9,25 до 9,5 денари за килограм што е зголемување за скоро 1 и пол процент во однос од претходната недела.
Жетвата трае, резултатите во однос на приносот и квалитетот се неизвесни, а со тоа и цените на берзите.
Деновиве и продажната цена на пченицата од ланскиот род е во очекуван пад , и се купува по 10,5 денари за килограм.
Методија Трајков
