Економија

Цените никако да паднат

30.09.2024 14:57

Законот за нефер трговски практики во сила, граѓаните се жалат – цените недоволно се намалиле. Додека се трошат залихите, власта уверува дека ограничените маржи даваат резултат…

Граѓаните се жалат на нефер цени и покрај стапувањето во сила на Законот за спречување нефер трговски практики, со кој се ограничува маржата на над 2.500 производи и треба производителите и потрошувачите да ги заштити од трговците. Периодот за адаптација, според нив, трговците го искористиле да ги зголемат цените.

Ефектите ќе може да се почувствуваат на џебот од средината на ноември, откако трговците ќе ги потрошат залихите, вели заменик-министерот за економија Ристески.

Наскоро се очекува да биде донесен нов Закон за заштита од конкуренција кој ќе има двојна улога. Наместо само досегашната контрола на договорите помеѓу добавувачите и трговците, ќе се контролираат и цените. Ќе има две одделенија за контрола и санкции, а Комисијата ќе биде составена од пет члена, наместо досегашните два.

Казните за непочитување на мерката есенска кошничка изнесуваат од две до 10 илјади евра, додека за прекршување на Законот за нефер трговски практики и до 20 илјади евра.

Александра Велинова