Економија

Поголеми пензии, но и мерки за стабилизација на Фондот

30.09.2024 16:11

Нема проблем да се зголемат пензиите, но треба и да се постигне одредена стабилизација на пензискиот фонд кој постојано е во дефицит и се надополнува од државниот буџет. Експертите со конкретни мерки …

Ќе ја закрпиме сиромаштијата, ќе ја олесниме инфлацијата. Вака реагираат прилепските пензионери на првата рата од 2.500 денари од зголемувањето на пензиите што ќе легне на нивните сметки. Од искуство, остануваат и скептични.

На пензискиот фонд му треба стабилизирање, зашто ова ќе го зголеми дефицитот и до 28 проценти. Зголемен праг за пензионирање, активирање на трудовиот потенцијал и формализирање на неформалната економија. Ќе донесе повеќе вработувања, растоварување на пензискиот фонд и буџетски прилив, анализираат експертите.

И пензионерските размислувања се во правец на повеќе работа и задржување на младите. Ги испорачуваат како пораки до Владата.

Зголемувањата на пензиите ја имаат предвид проекцијата за догодина – зголемени плати за 7 проценти и вработувањата за повеќе од 3 насто.

 

Елизабета Митреска