Здравство

Зголемен број на млади кои страдаат од кардиоваскуларни болести

30.09.2024 17:34

По повод Светскиот ден на срцето, Национална петиција за подобро кардиоваскуларно здравје...

Во земјава сè поголем е бројот на млади кои страдаат од кардиоваскуларни болести. Лекарите со апел да се внимава на исхраната, повеќе физичка активност и редовни превентивни прегледи. По повод Светскиот ден на срцето, Национална петиција за подобро кардиоваскуларно здравје.

Активноста е во знак на поддршка на Светската федерација на срце, со цел зголемување на свеста за потребата од превенција на кардиоваскуларните заболувања.