МНР
МНР: Нема македонски граѓани кои побарале помош од Либан
30.09.2024 18:51
Оттаму апелираат поради влошената безбедносна ситуација, сите македонски државјани да избегаат од Либан во првата можна прилика и да не се патува кон оваа земја...

Ниту еден македонски државјанин, до овој момент, нема побарано помош или евакуација од Либан, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Оттаму апелираат поради влошената безбедносна ситуација, сите македонски државјани да избегаат од Либан во првата можна прилика и да не се патува кон оваа земја.
Отворен е 24-часовниот СОС дежурен телефон со број +389 75 268 736 како и електронска адреса [email protected].
