мвр
Приведен крадец во Прилеп, украденото вратено на сопственикот
30.09.2024 21:00
Украденото е пронајдено и вратено на сопственикот...

Вчера во 14.20 часот на улица „Ѓуро Салај“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.А.од Прилеп поради основано сомнение дека е извршител на кражба. Украденото е пронајдено и вратено на сопственикот.
С.А. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, информира МВР.
