Новогодишни aранжмани
Егзотични дестинации, европски метропoли, ски-центри. Од 89 евра за Софија до 1200 евра за Индија. На дваесетина дена пред Нова година, агенциите во исчекување.
Понудата разновидна, скроени за секаков џеб. Две ноќевиња во Дубровник и во Белград чинат 109 евра. За Сицилија се потребни 509 евра, за Дубаи 760. За три дена во Банско или Боровец се потребни 400 евра.
Има неколку аранжмани оние стандардни за Будимпешта, Прага, Виена. И за разлика од минатата година, прв пат се нудат Истанбул и Милано авионски – вели Александар Цоневски сопственик на туристичка агенција.

Се уште не можеме да кажеме за каде се заинтересирани граѓаните, бидејќи за сите дестинации има одреден број, но бидејќи нашите граѓани се решаваат во последен момент од понеделеник ќе имаме поконкретни податоци – истакна Никола Вчков од туристичка агeнција.
Граѓаните се нерешителни.
Можно е зимување на три –четири дена, може и во околните градови. Во странство. Во некое кафуле или дома – велат младите.
За Нова година цените на авионските билети и на хотелите се зголемени за 50 до 60 проценти.
Најмладите за Нова година се решаваат со автобус да отпатуваат во некоја метропола за да ја прослават Новата година и истиот ден да се вратат во Македонија.
За околу 4000 денари и годинава средношколците и студентите ќе патуваат стотици километри за да се забавуваат неколку часа.
Наташа Јанчиќ