Украина

Столтенберг: Земјите на НАТО треба целосно да го поддржат планот на Украина

01.10.2024 08:44

Украинците мора да бидат тие кои на крајот ќе одлучат кои се прифатливите услови, став на генералниот секретар...

Земјите на НАТО треба целосно да го поддржат планот на Украина за сопствената иднина, изјави генералниот секретар на Алијансата Столтенберг. Украинците мора да бидат тие кои на крајот ќе одлучат кои се прифатливите услови, став на генералниот секретар.

Украинските воздухопловни сили соопштија за голем број соборени руски беспилотни летала. Претседател Зеленски вели дека ситуацијата на линијата на фронтот е многу тешка и дека украинските сили мора да направат сè што можат во текот на есенскиот период.

„Ситуацијата е многу предизвикувачка. Најважно е да се изврши притисок врз Русија користејќи ги сите расположливи средства и алатки за да ја постигнеме нашата цел за вистински и праведен мир за Украина и целиот наш народ, што е можно поскоро. Се што може да се направи оваа есен, сè што можеме да постигнеме, мора да постигнеме“, изјави Володимир Зеленски- претседател на Украина.