Албанија
Пратениците на албанската опозиција во знак на протест запалија столчиња пред парламентот
01.10.2024 08:51
Пратениците од опозицијата ги повикаа граѓаните на 7 октомври да се соберат во Тирана на протест против премиерот Рама...

Пратениците на албанската опозиција вчера ги извадија столчињата од парламентот и ги запалија, во знак на револт поради затворската казна изречена на еден од нивните колеги.
Ервин Салијани, од најголемата опозициска Демократска партија, беше прогласен за виновен минатата недела за лажно сведочење во случај за трговија со дрога.
Пратениците од опозицијата ги повикаа граѓаните на 7 октомври да се соберат во Тирана на протест против премиерот Рама.
