Високо образование

Ориентациски денови на УКИМ

01.10.2024 08:58

Идејата која започна на ФИНКИ пред три години, денес е реализирана од студенти на повеќето Факултетски студентски собранија.

Универзитетското студентско собрание при УКИМ, во соработка со Факултетските студентски собранија, на неколку факултети успешно организираше воведни ориентациски денови со цел новозапишаните студенти да се упатат во светот на студиите и да се запознаат со дел од професорите и со нивните постари колеги.

Идејата која започна на ФИНКИ пред три години, денес е реализирана од студенти на повеќето Факултетски студентски собранија. Бруцошите во голем броj ги наполнија амфитеатрите и предавалните уште пред почетокот на нивните студии - доказ дека студентскиот дух бујно тече низ нашата младина. Се надеваме дека оваа пракса на ориентациски денови ќе стане традиција кај нас, а и дека ќе се прошири на други универзитети низ нашата држава, велат од Универзитетското студенстко собрание.

Факултетите на коишто се одржаа ваквите денови се ФЕИТ, ФИНКИ, Филолошки факултет, Економски факултет, Правен факултет и Медицински факултет, а дополнително и останатите факултети ќе одржат слични ориентациски денови во текот на месецот.