Сеуште мирно...
Континенталниот ватерполо шампионат во Будимпешта и по второто коло без изненадувања.
Во А групата работите минаа како и што се очекуваше. Вице првакот Црна Гора лесно стигна и до вториот триумф на шампионатот синојќа преку Русија 15:7. Италија беше повторно по воведната победа тимот кој се радуваше, овој пат во дуелот со Романија 9:4. Грција ја запиша првата победа на турнирот со сигурната игра против Грузија за убедливи 15:6.

Во Б групата бранителот на тронот Србија со уште една авторитативна презентација, вчера и Германија ја почуствува силата на шампионот 12:7. Домаќинот Унгарија како и се очекуваше лесно прокнижи бодови преку дуелот со аутсајдерот Франција, 12:7. Дербито на денот Хрватска-Шпанија го донесе и единственото реми 8:8.
Денеска водата во базенот во Будимпешта ќе мирува, ватерполистите имаат ден одмор.