двојно убиств

Хоспитализиран еден од обвинетите за двојното убиство

01.10.2024 09:00

Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е префрлен на Клиниката за Хефрологија.

Велешанецот Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е префрлен на Клиниката за Хефрологија. Според неговиот адвокат тој се наоѓа во тешка здравствена состојба и подолго време се жалел на болки. Видевски инаку има трансплантиран бубрег.

Од декември лани е во притвор во затворот во Шуто Оризари. Следното рочиште за случајот е закажано за 7 -ми октомври, кога како сведок е повикана Зорица Ѓорчевска, како и роднини на Жежовски.

На првото рочиште, обвинението беше споено за првообвинетиот Љупчо Палевски и 4-та за соучесништво и помагање, меѓу кои и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.