Руско - украински конфликт
Продолжуваат нападите со беспилотни летала низ украинските градови
01.10.2024 09:28
На фронтот, руските сили известија за напредок, додека нападите со беспилотни летала продолжија низ украинските градови. Претседател Зеленски вели дека ситуацијата е многу тешка...

На фронтот, руските сили известија за напредок, додека нападите со беспилотни летала продолжија низ украинските градови. Претседател Зеленски вели дека ситуацијата е многу тешка.
Марк Руте денеска официјално ја презема должноста генерален секретар на НАТО од Јенс Столтенберг. Во изјава пред заминување од функцијата, Столтенберг се осврна на глобалните прашања, меѓу кои и војната во Украина.
Според него, земјите на НАТО треба целосно да го поддржат планот на Киев за сопствената иднина, а Украинците мора сами да одлучат кои се прифатливите услови.
