На победа за финале
Со 8 победи во 9 натпревари во дебитантскиот настап во Европската лига, нашата најдобра одбојкарска репрезентација испишува убава страница во историјата на македонскиот репрезентативен спорт, но и не застанува тука. Понесени од ентузијазмот и единството во составот и покрај сериозните финансиски проблеми избраниците на Жарко Ристовски се пред ново искушение , шанса што не сакаат да ја пропуштат: дебитанстската сезона да ја крунисаат со финале во европската лига. До него ги дели утрешниот натпревар со Црна Гора во Будва.

По победата со 3-1 во Скопје, сега на нашите одбојкари им е доволен и пораз со 2 добиени сета за да обезбедат финале, или при евентуален пораз со 3-0 или 3-1 за финалистот ќе решава таканаречениот златен сет. Сепак калкулациите не се опција за нашите одбојкари, позитивната атмосвера и убеденоста во сопствените можности се основа за оптимистичките најави што стигнуваат од Црна Гора дека без оглед на гостинскиот терен и индивидуалниот квалитет на противниците, нашите одбојкари со победа ќе се обидат да го заверат историското финале.
Мечот ќе биде одигран утре од 20 часот, кога ќе биде познат и евентуалниот противник на македонската селекција во финалето. Во второто полуфинале со голема предност по победата со 3-2 во првиот натпревар репрезентацијата на Словенија ќе ја пречека Грција.