Концерт на Лука Шестак во Македонска Филхармонија
На 19 октомври, сабота со почеток во 20.30 часот како дел од европската турнеја во Големата Сала на Македонска Филхармонија за прв пат во Македонија ќе настапи германскиот пијанист Лука Шестак...

На 19 октомври, сабота со почеток во 20.30 часот како дел од европската турнеја во Големата Сала на Македонска Филхармонија за прв пат во Македонија ќе настапи германскиот пијанист Лука Шестак.
Пијанист и композитор, кој е светски признат по својата виртуозност, комбинирајќи класична музика со џез, поп, блуз, фанк, хип-хоп и електронски стилови. Со неверојатни 30 плус милиони прегледи на неговиот You Tube канал, а воедно и добитник на меѓународни престижни награди во областа на музиката слободно може да се каже дека ѕвездата е родена.
По неговото издание во 2020-та година на синглот „Right or Wrong“ за Sony Music, Шестак се враќа до неговите корени со албумот „Lighter Notes“ со кој и премиерно ќе се претстави на македонската публика.
„Во текот на годините, мојата музика беше под влијание на џез, фанк, поп, блуз, хип-хоп и електро битови. Со „Lighter Notes“ сакав да создадам албум кој ги прикажува овие влијанија, но не е „вообичаениот“ албум со џез звук што може да се очекува“, ќе изјави Шестак.
