Водата во Струмица и понатаму не е за пиење
Водата во Струмица и денеска не е за пиење. Комуналец ја почна постапката на испорака на апарати со галони вода во училиштата, а обезбедени и се и 25 канистери од еден тон. Се чека дозвола до Центарот за јавно здравје за квалитетот на водата...

Водата во Струмица и шесте населени места и понатаму не е за консумирање. Денеска почна испораката на апарати со галони вода до училиштата, набавени од дистрибутер на вода од Битола. Паралелно обезбедени се 25 канистери од еден тон вода за кои треба зелено светло да даде Центарот за јавно здравје.
Нема некои поголеми промени во резултатите на квалитетот на водата во Струмица. И понатаму големи се количините на манган иако има тенденција на намалување соопшти раководителот на филтер станицата.
Граѓаните деновиве освен од маркети со вода за пиење се снабдуваат и од неколкуте изворски чешми во периферијата на Струмица.
Ване Трајков
